Ковачевски најавува техничка влада без импровизации: Опозицијата на ред

Нема да има импровизации во техничката влада, законски се регулирани ресорите кои ги добива опозицијата, а кои мнозинството на 100 дена пред одржувањето на изборите, вели Премиерот Ковачевски според кој сè друго фрлило дамка на изборниот процес.

Тој рече оти ќе ја исполни својата обврска, ќе поднесе оставка за на негово место да седне спикерот Џафери кој ќе ја предводи третата пржинска Влада. Ковачевски со апел до ВМРО-ДПМНЕ да го исполни својот дел и да предложи кадар кој ќе раководи со министерствата во техничката влада.

ВМРО-ДПМНЕ треба да назначи министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика, како и заменици во четири ресори. Дали ќе учествуваат во техничката влада, опозициската партија одлука ќе носи во наредните денови, но ВМРО-ДПМНЕ не се согласува Џафери да ја врши функцијата технички премиер.

Интегративците допрва ќе одлучуваат кој ќе биде нивниот кандидат за Претседател на државата, одлука треба да носат и дали заеднички со СДСМ ќе настапат на парламентарните избори.

Отворено прашање засега е дали Артан Груби ќе го остапи првото вицепремиерско столче на социјалдемократите во техничката Влада, со оглед дека премиерто ќе биде Албанец, но на ова Ковачевски не одговори.

Сепак, во јавноста веќе се споменува името на сегашниот директор на Службата за општи и заеднички работи во Владата, Пеце Мирчевски како можен наследник на Груби.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*