Изборниот законик: Предлози за промени во рекламирањето и одговорност на парламентарците

Министерството за правда попладнево сооопшти дека работната група ги изготвила измените на Изборниот законик во кој се внесени препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

Министерот за правда Кренар Лога, како што велат, го поддржува предлогот на работната група, платеното политичко рекламирање да не биде повеќе на товар на државата.

„Со оглед на тоа што на лидерска средба е договорено овој законик да оди во Собранието преку пратеници, Министерството за правда ќе ја достави работната верзија до сите парламентарни политички партии. Одговорноста за донесувањето и содржината на Изборниот законик ќе биде на пратениците во Собранието на РСМ“, наведоа од министерството.

Предлогот на Изборниот законик содржи 58 члена кои ќе придонесат кон зајакнување на улогата на институциите одговорни за спроведување на одредбите од овој Законик.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*