Екстрадиција од Турција: Истрагата за убиствата на чекање на судски процес

Амбасадата на Република Северна Македонија во Анкара испрати допис до Министерството за правда во кој информира дека ни доставува добиена Нота од МНР на Република Турција, како одговор на Нотата доставена од Амбасадата на РСМ во Анкара од 06.12.2023 година, со која информираат дека врз основа на дописот добиен од Канцеларијата на главниот јавен обвинител Баликесир, определен е екстрадициски притвор за Љупчо Палевски, во траење од 40 дена.

Споделувањето информации за истрагата за убиствата може да ја компромитира таа истрага, изјави во Скопје министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Најверојатно, јавноста ќе дознае дури до почетокот на судскиот процес каде осомничените го чувале возилото пред да го употребат на 27 ноември и дали е пронајдено оружјето.

Спасовски рече дека отворањето на истрагата значи дека треба да се постават прашања до Обвинителството. За балистичкиот извештај за запленетите два пиштола, Спасовски изјави дека се уште не е подготвен.

Исто така во понеделникот, собраниската Комисија за одбрана и безбедност го прифати предлогот на пратеникот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, за сите информации што ги има Министерството за убиствата кои ќе ги опфатат и активностите и мерките преземени од полицијата и другите безбедносни служби поврзани со случајот, да се достават до законодавниот дом.

Комитетот го задолжи Спасовски да ја достави информацијата во рок од 15 дена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*