Извештајот за корупцијата во Македонија: Проблем број еден

Извештајот за процена на корупцијата во Северна Македонија покажува дека корупцијата е на врвот на скалата на општествените проблеми, а 65 проценти од анкетираните граѓани укажуваат дека корупцијата е најголемиот проблем кој ги засега.

Според извештајот кој денеска беше презентиран на „Отворениот форум за антикорупција“, над 80 проценти од анкетираните граѓани сметаат дека министрите, пратениците, судиите и лидерите на политичките партии се перцепираат како најкорумпирани.

Точно е дека во Македонија има епидемија на корупција, претседателот на државата Стево Пендаровски согласен со констатацијата на американската амбасадорка Агелер, по одлуката на Вашингтон екс-вицепремиерот Кочо Анѓушев да биде ставен на црна листа.

Евроамбасадорот Дејвид Гир порача дека будно ќе ја следи работата на новиот состав на Антикорупциската комисија, повторно ја критикуваше измената на кривичниот законик со која десетици функционери се спасија од одговорност и раскажа за неговото искуство во корупцијата во Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*