Таткото на Вања негира вмешаност, завршен распитот во обвинителството

Наредба за истрага и предлог за притвор од 30 дена се очекува за сите четворица осомничени за убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска.

Осомничените се во Шутка, а таткото на Вања, Александар денеска негирал вмешаност во киднапирањето на неговата ќерка Во обвинителството заврши распитот на таткото на 14-годишната Вања Ѓорчевска во врска со нејзиното убиство за кое тој е осомничен дека споделувал информации со останатите осомничени за нејзиното излегување од дома.

Од ОЈО Скопје велат дека во основа тој ги негира дејствијата.

Таткото вчера беше изведен пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд кога му беше одреден 48 часовен притвор. По наредбата за истрага и предлогот за притвор, осомничените денеска повторно ќе треба да бидат изведени пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд.

Во меѓувреме обдукцијата на телото на Вања во Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје е завршена. Телото е предадено на семејството. До обвинителството се уште не е доставен наод за обдукцијата, бидејќи се работи интензивно и на другите анализи. Обдукцијата треба да ги утврди причините за насилната смрт и точното време кога е убиена.

Извештајот од обдукцијата е еден од клучните докази во истрагата и расветлување на случајот. Осомничените- штипјанецот Влатко Кешишов, велешаните Велибор Манев и Боре Видоевски се ставени секој посебно, за да не бидат мета на револт на другите притвореници.

Осомничениот за грабнувањето и убиството, Љупчо Палевски- Палчо е во бегство. Според исказите на осомничените, Александар Ѓорчевски го информирал Палевски за тоа кога Вања ќе го напушти нејзиниот дом во Дебар маало на улицата Наум Наумовски Борче за да се упати кон нејзиното училиште Песталоци и дека притоа ќе биде сама, без придружба на нејзината сестра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*