Во училишниот двор во ОУ „Страшо Пинџур“ во Карбинци, Штипско, бил спречен обид за киднапирање на две деца.
Според градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов, киднаперите дошле со возило „голф“ со скопски регистарски таблички и се обиделе насилно да внесат две деца во возилото, но биле спречени од други ученици и од персоналот на училиштето.
Грабнувачите со возило марка „Голф“ стигнале до влезот на училиштето и се обиделе да ги намамат да влезат во него. Станува збор за младо машко лице по кое во моментов се трага. Случајот е снимен на видеонадзорот поставен на училишниот објект.
Градоначалникот апелира МВР да ги зголеми своите контроли и сериозно да го сфати овој случај. Вели дека во неговата општина одамна не патролираат полициски екипи.
Децата се добро и во моментов се со своите родители. Едното од нив е шесто а другото деветто одделение. Се спасиле сами, успеале да избегаат, а напомош притрчале и службите на училиштето.