САД го забрануваат влезот на Кочо Анѓушев, поради корупциски активности

САД му забрануваат на поранешниот вицепремиер на Северна Македонија влез во САД, објави Стејт департментот. Соединетите Држави го назначија поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев како неподобен за влез „поради неговата вмешаност во значителна корупција“, се вели во соопштението објавено на веб страницата на Стејт департментот.

„Анѓушев додека ја извршуваше функцијата вицепремиер, Анѓушев ја злоупотреби својата службена положба во корист на неговите приватни деловни интереси, поткопувајќи ја довербата на јавноста во Северна Македонија во нивните владини институции и јавни процеси“, се вели во објавата.

Ставањето на Кочо Анѓушев на Црната листа ја потврдува посветеноста на САД за борба против корупцијата, која му штети на јавниот интерес, го попречува економскиот просперитет на земјите и ја намалува способноста на владите ефективно да одговорат на потребите на својот народ.

Покрај Анѓушев на листата се и неговата сопруга, Елизабета, и децата, Ангел и Огнен, како генерално неподобни за влез во Соединетите држави.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*