Оливер Спасовски: Палевски фатен и лишен од слобода во Турција, процес за екстрадиција во тек

Денеска во очекување на кривичната пријава за петте лица таа е подготвена на повеќе од 100 страници и предадена е во ОЈО.

Предметот за киднапирањето и убиството на Вања Горчевска и Панче Жежовски е во целосна надлежност на ОЈО, објави првиот човек на МВР.

„Македонија деновиве живее во длабока жалост, креаторот планерот главниот координатор и директниот извришел на овие кривични дела е фатен и лишен од слобода во Турција“, сооопшти доцна вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Спасовски пред новинарите ја покажа и потврдата за апсењето на Палевски која ја добиле од колегите од Турција од Интерпол. „Постапката за екстрадиција очекувам да заврши максимално брзо“, рече тој.

Тој рече дека првоосомничениот е однесен во Србија со кола, каде престојувал во еден хотел и следниот ден го презема друго лице од Скопје и преку граничниот премин Градина влегува во Бугарија има транспорт низ Бугарија и влегува во Турција. Таму оди во градот Баликесир од каде добивме порака и дека се подготвува со такси да оди во Истанбул.

Наши служби стапуваат во контакт не само со полицијата со нивен оперативен извор лицето се наоѓа во Баликесир и кажал дека сака да замине во Истанбул но имал намера да остане во Баликесир, Се подготвува со такси да оди во Истанбул но се враќа… оди пешки по автопатите во Баликешир.

И подоцна попладнево од страна колегите од турската полиција е уапсен. Во однос на убиството на 14-годинашата Вања министерот за внатрешни работи очекува истрагата да се шири.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*