Се шири кругот на помагачи на Љупчо Палевски кој е во бегство.
Обвинителството попладнево побара притвор и за уште еден помагач, 46-годишен скопјанец за кој се сомнева дека извршил кривично дело – Помагање на сторител по извршено кривично дело, односно го возел со совјот авотмобил осомничениот Палевски од една во друга соседна држава.
Обвинителството обезбедило докази дека овој осомничен пред три дена е регистиран на камерите на граничните премени Србија Бугарија и Бугарија Турција.
„На 02.12.2023 година било регистрирано на граничните премини во Р.Бугарија и тоа со влез во Р.Бугарија на ГП Калотина и излез од Р.Бугарија на ГП Капитан Андреево (кон Р.Турција). И двете регистрации се со возило марка Ланд Ровер, управувано од осомничениот,“ се наведува во соопштението на обвинителството.
Лицето е лишено од слобода извршен е информативен разговор информираат од обвинителстовто кое и во овој случај бара притвор бидејќии смета дека овој осомничен може да избега или да го повтори делото.
Вечерва во судот на распит одново се четворицата осомничени меѓу кои и таткото откако Обвинителството денеска ја заврши предистрагта и издаде наредба за истрага, и побара нови 30 дена притвор за осомничените