Мухамед Зеќири осуден на двегодишен затвор и парична накнада за штета на буџетот

Две и пол години затвор гласи првостепената пресуда за поранешниот генерален секретар во Владата, Мухамед Зеќири. Кривичниот суд го задолжи и да ја надомести штетата по државниот буџет во висина од 71,3 милиони денари.

Зеќири тврди дека за време на судењето обвинителот не ја докажал неговата вина. Тврди дека извршувал активности за кои бил задолжен со одлука на Владата. Обвинетиот најави жалба до повисокиот суд.

Со последните измени на Кривичниот законик, на Зеќири му се суди по обвинителен предлог. Тој се товари за „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Зеќири се товари дека од април 2021 до јануари 2022 година како генерален секретар на Владата, без јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги, во вредност од речиси милион евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*