Руската амбасада обвинува за провокации против Лавров на министерскиот состанок на ОБСЕ

Руската амбасада во Скопје на ФБ обвинува за провокации кон министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров на министерскиот совет на ОБСЕ.

Пренесувајќи објава на портпаролка на руското МНР Захарова со фотографии од листови на кои пишува дека местото за Лавров всушност е резервирано за НАТО.

Захарова на својот канал на Телеграм напиша: “На масите во салата за состаноци на Советот на министри за надворешни работи на ОБСЕ има јасна манифестација на она за што зборуваше Сергеј Лавров во својот говор: под притисок на САД, логиката на ОБСЕ се заменува со агресивната идеологија на НАТО. Нема објаснување дали рачно напишаната резервација е најдена на местото на Лавров или на руската делегација и дали навистина македонската организација на ОБСЕ-состанокот ги резервирала местата со ваков тип на ливчиња”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*