Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 100 – 150м. има на патните правци Скопје – Велес, Велес – Неготино, Неготино – Д.Капија и М.Брод – Кичево. ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. По усеците и клисурите можна ...
Read More »Monthly Archives: December 2023
Обвинувања и прашања: Последна седница за годинава за владата на Ковачевски
Обвинувања на последната седница за пратенички прашања до премиерот и министрите. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ го покрена прашањето до министерот за внатрешни работи Спасовски за одговорноста при потрагата на возилото на убиениот Панче Жежовски. Тие тврдат дека доколку полицијата навремено постапувала да го открие исчезнатото возило, би можело, како што сметаат во ВМРО-ДПМНЕ, да се спречи убиството на малата Вања пет дена ...
Read More »Подготовка за техничка влада: Избори за претседател на Собранието и избор на министри
По празниците почнуваат подготовките за техничка влада. Нема посебна процедура по однос на нејзино формирање, вели спикерот Џафери. Прво ќе се констатира неговата оставка и избор на нов претседател на Собранието, а потоа и оставките на министрите и замениците. Седницата за избор на техничката влада на 27-ми јануари, според Деловникот пратениците ќе дебатираат два дена. Џафери не ја исклучи можноста ...
Read More »Нов развој во изборната комисија: Прекин на седницата и неизвесна судбина за кандидатите
Откако вчера на двапати беше прекинувана поради тензичната дебата, продолжување на седницата на Комисијата за избори и именувања не е планирана ниту за денес, ниту за утре, вели претседаталката Георгиевска во разговор за Канал 5. Не открива дали ќе опстои на предложеното и двајцата кандидати Абдуш Демири и Зулфи Адили да бидат испратени на пленарна седница, вели ќе остави простор ...
Read More »Развојна стратегија: Македонија на пат кон подобар правосуден систем
Ниската доверба на правосудниот систем ќе се подобрува со развојна стратегија за правосудството. Со неа се предвидува смена на изборот на членови за Судскиот совет, воведува обврска за детално образложение при унапредување и разрешување на судии и обвинители, но и нови правила за избор на шеф на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Зад нејзината изработка стои Министерството ...
Read More »Судскиот совет во фокус: Откриени нередности во завршувањето на правосудните студии
На потег е Судскиот совет. Вака министерот за правда, Кренар Лога, ги искоментира денеска случаите на судијата од Тетово кој си ги поправал оценките за да има повисок успех и да може да се запише на Академијата за судии и обивнитители и обвинител во Тетово кој полагал правосуден испит предвреме. И двата случаи се откриени откако на барање на Антикорупциска ...
Read More »Фатиме Фетаи ќе бара преиспитување на кандидатурата за јавен обвинител
Обвинителката Фатиме Фетаи во текот на утрешниот ден писмено ќе се обрати до Советот на јавни обвинители, кој ја отфрли нејзината кандидатура за државен јавен обвинител поради непотполна документација. Таа за Телма вели дека ги исполнува сите услови за Јавен обвинител. Заради повреда на нејзиното право за понатамошното учество во постапката за именување на јавен државен јавен обвинител таа ќе ...
Read More »Состојба на патиштата 28.12.2023
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. По усеците и клисурите можна е појава на поситни одрони кои редовно се чистат. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
Read More »ВМРО-ДПМНЕ потврди учество на изборите, но без гласање за техничката влада
Премиерот Ковачевски веќе ги започнал разговорите за широк европски фронт со дел од коалициските партнери, откако Централниот одбор на СДСМ синоќа му даде вакво овластување. Тој денеска од Струга истакна дека комуникацијата со сите кои го поддржуваат европскиот пат на земјава ќе се интензивира следниов период. Средба со Мицкоски за кадрите во преодната влада вели ќе има, но не прецизира ...
Read More »Спор за ДИК: Опозицијата во Македонија предупредува за правата на изборниот процес
Опозиционерите бурно реагираа дека претседателката Марија Георгиевска предложи двајцата кандидати да се пратат на пленарна седница. Според нив треба да биде избран Абдуш Демири како кандидат на албанската опозиција, а Зулфи Адили да се елиминира бидејќи доаѓа од редовите на владејачката Алијанса за Албанците, а формално е предложен од новоформираната партијата на Арјанит Хоџа која не учестуваше на последните избори, ...
Read More »