Таравари: АА размислува за повлекување од владата без уставни измени

Доколку не се случат уставните измени, АА можно е да се повлече од владата. Ова го изјави лидерот на АА, Арбен Таравари во Клик Плус на ТВ21, додавајќи дека надежите за усвојување на уставните измени се се помали.

„До моментот кога сите ќе се предадат дека нема да има уставни измени, ние како партија имаме обврска, ова го кажав јавно, да го свикаме партиското собрание, да седнеме и да разговараме. Дали продолжуваме , дали излегуваме од влада, дали ја заземаме оваа или таа страна. Сите опции треба да бидат отворени“, вели Арбен Таравари.

Доколку АА оди во опозиција, може ли да биде дел од албанскиот опозициски блок? Од Европското движење за промени изразија подготвеност да и посакаат добредојде на партијата на Таравари.

„Секако дека има место, ние сме отворени за сите и постојано апелираме дека во овој опозициски фронт има место за секого кој размислува исто како нас и посакува да има промени во Северна Македонија“, вели Висар Ганиу.

Инаку Таравари рече дека се во комуникација со партиското членство, повеќето бараат партијата да оди сама на следните избори, а втората опција е да ја поддржат идејата за соработка со албанскиот опозициски фронт, а најмалку сакаат соработка со ДУИ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*