Лавров најавува присуство на состанокот на ОБСЕ, предизвици околу санкциите на патување

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров најави дека ќе присуствува на состанокот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Скопје, ако Бугарија дозволи неговиот авион да помине низ нејзиниот воздушен простор.

„Сега се чини дека Македонија нѐ покани на Советот на министри за надворешни работи на ОБСЕ. Бугарија изгледа ѝ вети на Македонија дека ќе го отвори нејзиниот воздушен простор. Ако успее, ќе бидеме таму“, рече министерот, говорејќи на форумот „Примаковски читања“.

Во Скопје се очекува да пристигнат 76 делегации на земји-членки на ОБСЕ и партнери на ОБСЕ, претставени главно од министрите за надворешни работи. Портпаролот на Европската комисија коментираше дека Лавров може да отпатува во земја на ЕУ или во Македонија, иако е на европската листа на санкции воведени против Русија поради војната во Украина.

Портпаролот објасни дека оние кои се погодени од санкциите имаат право да патуваат, особено кога нивното патување е поврзано со причината поради која се санкционирани. Лавров е санкциониран, но санкциите предвидуваат исклучоци од учество на меѓународни состаноци, посочи тој.

Земјите од ЕУ можат да дозволат прелетување на авионот на Лавров, како и властите во Скопје да издадат дозвола за слетување и учество на состанокот, тоа нема да биде прекршување на санкциите.

„Ова ќе ни даде можност да застанеме очи во очи со Лавров и да разговараме за лагите што тој ги шири“, додаде портпаролот.

Портпаролот не можеше да потврди дали високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, ќе присуствува на состанокот на ОБСЕ поради настаните на меѓународната сцена. Во Скопје се очекува да допатува американскиот држаевн секретар Ентони Блинкен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*