Почнувајќи со реформи во даночниот систем со кој Македонија би станала држава со најнизок данок на добивка, или 5% за добивка над 50 милиони евра, зголемување на на пензиите за 5000 денари во првата година од доаѓање на власт, преструктуирање на министерствата – ВМРО-ДПМНЕ на партиска трибина ги постави контурите на Платформата за иднина со која ќе влезат во изборната трка.
Мицкоски најавува големи промени за враќање на довербата кај граѓаните и обезбедување на 1 милијарда евра во 4 годишен мандат или 250 милиони годишно за општините за капитални инвестиции.
Покрај политичките договори, Мицкоски најавува реструктуирање на владините кабинети. Енергетиката, рударството и миниералните суровини ќе бидат споени во ново министерство, а ова ќе биде еден и од условите за идно коалицирање.
Најавува реформи и во другите министерства. Доколку дојде на власт првиот човек на ВМРО ДПМНЕ најави фокус и на образованието, особено што како што рече стана пракса истото да се уништвува секоја година. Мора да запре и одлевањето на мозоци во странство, наместо иднините академски граѓани да заминат во странство, да работат дома, а со тоа и странските компании да се првлекуваат за инвестирање.
Мицкоски вети дека во новата владата ќе се одвојат средства за развој на општините , тоа што во моментов актуелната власт го блокира. Најави изградба на нови училишта и градинки, но и зголемување на инфраструктурните проекти.