Бујар Османи: Нема Простор за Промени во Моделот на Владата Пред Изборите

Бујар Османи на прес-конференција рече дека во моментов нема простор за промени на моделот за таканаречена влада од Пржино за претстојните парламентарни избори во 2024 година.

За менување на моделот на пржинска влада може да се разговара, но се што ќе биде одлучено треба да влезе во сила за наредните избори. Ние може да разговараме за пржинска влада, но се што ќе одлучиме, треба да влезе во сила за наредните избори. Не може да важи за овие избори. За наредните избори можеме да разговараме. За овие избори не може да има промени на моделот. Бидејќи тој ја наметна таа тема, на премиер Албанец, мислам дека тука ова прашање нема простор да се дискутира, бидејќи е договорена, за тоа потврди и премиерот и мислам дека тука нема простор. Но, по однос на самите избори, кога, како, почетокот на декември ќе има состанок помеѓу лидерите, и ќе се остави да се постигне консензус. Многу е важно по однос на терминот на изборите, дали ќе бидат споени или ќе бидат одвоени, да има консензус. Јас еве во неколку наврати зборувам што ДУИ мисли, меѓутоа не велам така треба да биде. Ние ќе прифатиме се што ќе се предложи. Но, многу е важно на избори да влеземе со консензус, бидејќи ако влеземе со наметнати решенија уште од старт имаме искривен процес. Мора од таа лидерска средба да излеземе сите со подадена рака. Ова е теренот рамен за избори, ајде најдобриот нека победи, тој што граѓаните ќе го поддржат. Ние ќе инсистираме да има консензус по однос на датумот на избори, по однос на сите техникалии”, истакна Османи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*