Наредниот месец, премиерот Ковачевски ќе свика средба со парламентарните партии во Собранието за одредување на датумот на претседателските и парламентарните избори.
Истакна, пред крајот на овој парламентарен состав, пратениците ќе треба да ги изгласаат измените на Изборниот законик со вклучување на забелешките на ОБСЕ-ОДИХР.
Според Ковачевски, изборите, претседателски и парламентарни ќе бидат редовни во мај идната година. Сè уште нема договор за заеднички настап на изборите со коалициските партнери.
„Тоа е одлука на партиите и работа на коалициски договор, и засега не може да се зборува со сигурност за такво нешто“, вели премиерот.