Во интервју за Канал 5, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека бројките што ги има и се дел од активностите за мерење на рејтингот на партијата јасно покажуваат дека неговата партија може да се надева да освои 61 пратеници.
“Доколку водите политика која е погрешна поддршката добиена на избори паѓа. Тоа е случај со СДСМ. Луѓето гледаат дека не е испорачано и тие се под нивниот историски минимум, а ВМРО-ДПМНЕ се консолидираше“, кажа Мицкоски.
Во однос на претседателските избори, Мицкоски вели дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ ќе победи и на тој изборен процес. Одлуката за кандидатот ќе биде донесена на конвенција.
За тоа дали Гордана Силјановска-Давкова може повторно да биде кандидат, Мицкоски вели: „Никогаш не вели никогаш“. Кога станува збор за прашањето за преодниот кабинет, тој смета дека нема потреба да се формира таков.
Ставот на Мицкоски е дека тоа е понижувачки за ДУИ, кој, како што посочува, се соочиле со премногу скандали да номинира премиер.