Вака на моменти течеше седницата на мешовитиот парламентарен комитет меѓу Македонија и ЕУ во Стразбур. Иако на дневен ред беа теми за граѓанско општество, животна средина и енергетската криза, сепак бугарските европратеници ја искористија седницата за да ги повторат обвинувањата кон земјава за како што велат, кршење на човековите права и ширење на говор на омраза.
“Јазикот на омразата се решава внатре од самите општества и ако вие политичарите не преземете мерки, нема како тоа да биде сопрено и тоа секогаш ќе предизвикува одговор од другата страна. Тој проблем не е само меѓу Македонија и Бугарија и не е поврзан само со добрососедските односи”, изјави Ангел Џамбаски – Бугарски европратеник.
“Ние говорот на омраза на социјалните мрежи не можеме да го сопреме, затоа што е предизвикан од вашето однесување. За пријателство се потребни две страни. Луѓето како вас, типови како вас не можат да бидат мостови меѓу двете нации. Вие ги рушите мостовите”, изјави Соња Мираковска – Пратеничка од НСДП.