Евро-Ком Пожар: Повик за Строги Безбедносни Мерки и Контроли по Инцидентот

Коментирајќи го пожарот во фабриката Евро-Ком, Еко Герила ги повикаа надлежните да спроведат строги контроли и да проверат дали се почитувани сите безбедносни мерки кои се предвидени за компаниите кои работат со високо запалливи опасни материи.

Четворица пожарникари кои беа дел од активностите за ставање под контрола на пожарот добија лекарска помош во болница во Тетово поради проблеми со дишењето предизвикани од густиот чад.

„Во магацинот во Тетово горат бои и лакови, тие се органски материи, а државата нема лабораторија која може да мери испарување на органски загадувачи“, изјава на министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова.

Шукова рече дека се чека на анализите од Институтот за јавно здравје кои зедоа примероци од почвата и од водата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*