Во интервју за МИА во средата, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја опиша Северна Македонија како високо ценет сојузник.
„Северна Македонија придонесува за нашата заедничка безбедност и членството во НАТО е добро за Северна Македонија, но исто така е добро и за НАТО и јас сум импресиониран од напредокот што го видов. Исто така, видов дека членството во НАТО овозможи повеќе инвестиции, повеќе странски инвестиции, повеќе работни места и повеќе раст, бидејќи кога имаш безбедност гарантирана од НАТО, тогаш, се разбира, на приватните инвеститори им е полесно да инвестираат и да помогнат во промовирањето на економскиот раст. во вашата земја“, изјави тој.
Во интервјуто, генералниот секретар на НАТО зборуваше и за други теми, меѓу кои и за неговото обраќање во Парламентот и за ситуацијата со Косово.