Столтенберг изразува загриженост: НАТО преговори за стабилност во Балканот по тензии во БиХ и Косово

На неформалниот состанок со земјите сојузнички на Алијансата оцени дека регионот има стратешка важност за обезбедувањето на мирот и ги повика Белград и Приштина да се вратат на преговарачка маса. Столтенберг порача дека сега е времето да запрат долгогодишните конфликти.

Нема индиции за загрозување на безбедноста на Македонија и прелевање на тензиите од Косово, оцени премиерот Ковачевски, кој посочи дека безбедносните служби имаат беспрекорна превенција.

Албанскиот премиер Рама со иницијатива да се организира НАТО Самит на Западен Балкан каде покрај земјите-членки на Алијансата би присуствувале Србија, Косово и Босна. Рама смета дека НАТО треба да испрати повеќе трупи на Косово бидејќи, како што рече, состојбата на границата е надвор од контрола.

Истите ставови ги дели и хрватскиот претседател Милановиќ, додека новоизбраниот црногорски премиер Спајиќ вели дека само влезот во Европската унија може да ги гарантира стабилноста и безбедноста на регионот.

Со неформалниот состанок кој е прв од ваков вид, заврши дводневната посета на генералниот секретар на НАТО на земјава, откако Македонија стана дел од Алијансата. Столтенберг упати порака и до политичките елити да го поддржат европскиот пат на земјата и да ги изгласаат уставните измени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*