Загадување, прислушување , прекршување на правото на наследство мајчинство сопственост. Ова се само дел од уставно загарантираните права на граѓаните за кои не можат да бараат заштита ред уставниот суд затоа што нема можност за уставна жалба.
Стотици барања на граѓаните изминатите три децении пропаднале пред уставниот суд поради не постоењето на овој заштитен механизам кој би бил и филтер, пред граѓаните да се жалат во Европскиот суд за човековите права објаснува претседателката на Уставен, Добрила Кацарска.
Поддршка да се воведе ова правно средство за заштита на правата и слободите даде претседателот Пендаровски кој се надева дека и политчарите ќе ја разберат важноста.
“Иако, досега, постоеја повеќе иницијативи за измена на уставот во оваа насока, за жал, цела серија парламентарни состави не собраа сила тоа да го направат, а дискусиите за измени на уставот, со цел, воведување на уставна тужба завршуваа во партиско-политички пазарења и надмудрувања за сосема други прашања кои немаа врска со темата”, изјави тој.
Поддршката на Германија ја пренесе амбасадорката Петра Дреклсер. Македонија е единствена од поранешните југословенски републики која нема уставна жалба.