Изборот на професорката Јадранка Дабовиќ Анастасовска за уставен судија беше главна тема на претпладневната расправа на денешната седница на Собранието на Република Северна Македонија.
Владејачкото мнозинство ја бранеше оправданоста за актуелниот кандидат, додека дел од пратениците на опозицијата забележаа дека сите избори на уставни судии ги следат контроверзии, но и оти Собранието треба да најде јасна процедура за начинот на избор на уставни судии, како и да им се овозможи на кандидатите да се претстават пред Собранието за полесно да бидат оценувани од пратениците.
Калеска Ванчева се осврна и на предизвиците со кои се соочува Уставниот суд, забележувајќи дека како парламентарно мнозинство не седнале да разговараат за начинот на регулирање на работата и поставеноста на Уставниот суд.
Олга Лозановска, пратеничка од ВМРО – ДПМНЕ нагласи дека и предлозите на опозицијата за избор на уставен судија биле истакнати правници, кои својата професионална кариера ја граделе постапно и се изградиле во врвни стручњаци, за кои опозицијата не сакала да дискутира.
Пратениците на денешната седница ги разгледаа и предлог одлуките. за избор на директор на Оперативно-техничката агенција – ОТА, за распишување јавен оглас за избор на здружение од областа на човековите права, полициското право и правосудството за механизмот за граѓанска контрола во состав на Народниот правобранител, за огласување именување на Јавен обвинител на Република Северна Македонија.