Судскиот совет ги избра Габриела Гајдова, Александра Ристевска, Весна Димишкова и Осман Шабани за судии од кривична област во Апелациониот суд.
Претходно филтерот на Судскиот совет го поминаа и четворица судии од граѓанската област, судиите Александар Шопов, Ирена Костадинова Ангелова, Наталија Донева и Илир Сулејмани.
Претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев, нагласи дека ова е прво оценување согласно новата методологија. Појасни дека процесот го спроведува Судскиот совет по однос на постигнатите резултати како квантитет по број на решени и укинати предмети, а другиот го спроведуваат самите судови.
На огласот за осум позиции во Апелациониот суд имало вкупно 45 кандидати, од кои 21 кандидат за четири судии за граѓанска област и 24 кандидати за четири судии од кривична област.