Опозицијата нема да учествува во подготовките на новиот предлог закон за јавното обвинителство, што најавува дека Министерот за правда Кренар Лога ќе има уште еден пропаднат проект во својот мандат имајќи предвид дека ова законско решение се носи со двотретинско мнозинство.
Информацијата денеска ја објави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски кој на социјалните мрежи потврди дека добил покана за координација денеска но рече дека неговата партија нема да присуствува.
,,Крајно несериозно и некоректно е за ваков важен Предлог на закон, Владата и пред се’ Министерството за правда, народски кажано во 5 до 12 да се сетат да ја поканат и вклучат НАЈГОЛЕМАТА пратеничка група во Собранието за учество во носењето на овој Закон. Проблемот е во тоа што поканата за „инклузивност на опозицијата во овој процес“ ја упатуваат за веќе готов материјал и после изготвување на текстот на Законот” – напиша Мицевски на социјалните мрежи.