Министерот за правда Лога се скара со Јавното обвинителство. Го достави извештајот за работа на Обвинителството во Владата и истиот го објави јавно со аномалиите во работата.
Токму тоа го налути Обвинителството за и од таму јавно да реагираат на критиките на Лога. Недостасуваат податоци за траењето на истрагите, информации за снимањето на испитувањата на обвинетите и на сведоците, како и податоци за дисциплински постапки.
И додека Обвинителството во дописот појаснува дека роковите за истрага се инструктивни, ажурноста не е доведена во прашање. Обвинителот Љубомир Јовески чиј мандат полека истекува, а во Собранието е закажана негова интерпелација подготвен е пред сите институции, како што пишува во долгото соопштение, да одговори на сите забелешки кои се нотирани од Лога во извештајот доставен до Владата.
Министерот пак одговори со пофалби за соработката со обвинителството, со оценка дека мислењето кое е јавно објавено има за цел да се подобри работата на обвинителството особено во борбата против корупцијата и организираниот криминал.