ДУИ и СДСМ разговараат за заеднички избори, ВМРО-ДПМНЕ стои на располагање за договор

И во ДУИ има расположение за избори во ист ден. Османи вели дека конечна одлука ќе донесе партиското раководство, но првичниот став е дека два изборни циклуси во рок од три месеци ќе бидат претешки за државата и ќе чинат многу пари.

Кога и да се одржат изборите Османи вели дека последните 100 дена премиерот ќе биде од редовите на ДУИ. Има едно доминантно размислување дека од логистичко-финансиски и од административен аспект можеби ќе биде претешко за државата да има два изборни циклуса на три месеци, дека ќе се парализираат институциите, дека ќе биде премногу голем трошок, тој аспект се размислува.

“Затоа има едно размислување дека можеби треба да бидат во ист ден и претседателските и парламентарните избори, но отворени сме за сите опции. Одлука нема. Ќе се обидеме да аргументираме со политичките партии чисто од логистичко-финансиски аспект дека можеби тоа е подобар пристап“, рече министерот Османи.

Единствена партија која останува на ставот за одвоени избори е СДСМ, па лидерот на опозицијата денеска повторно ги повика да се охрбарат и да седнат на заедничка маса за да се постигне консензус.

“Јас го охрабрувам раководството на СДСМ, Зечевиќ и Ковачевски да се надминат себе си и да застанат во интерес на народот и да се договориме за датум. Ние како ВМРО-ДПМНЕ стоиме на располагање за договор, за разговор во било кој формат“ – рече Мицкоски.

Премиерот Ковачевски и денеска без конкретен одговор, дали СДСМ ќе попушти. Консензус очекува да се постигне во рамки на работаната група во законодавниот дом.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*