Извештајот на Европската комисија: Проблеми и предизвици за македонското правосудство

Претседателот на Судскиот совет Сашко Георгиев вели дека чекаат да добијат превод од извештајот на македонски, иако начелно го разгледале.

„Имаме првичен извештај на англиски јазик, треба да го добиеме во македонска верзија. Во секој случај, го разгледувавме начелно овој извештај, спремаме наше видување. Можам да кажам дека генерално Извештајот е со детектираните реални проблеми во судството и во Судскиот совет и очекувам тоа да биде еден сигнал за преку евентуални измени на законот, односно со наше постапување за подобрување на целосната слика, повторно ќе истакнам, враќање на довербата во правосудството“, изјави Георгиев.

Во извештајот, Европската комисијата го оценува како контроверзно разрешувањето на поранешната претседателка на Судскиот совет Весна Дамева, посочувајќи дека ова тело треба да се спротивстави на секое надворешно влијание, да работи на транспарентноста и да се залага за заштита на интегритетот и независноста на судиите.

Се забележува на недоволно мерки за решавање на проблемот со недостиг откако ќе се пензионираат досегашните кадри. Претседателката на Антикорупциска Билјана Ивановска вели дека во целиот извештај во кој се наведува дека нема напредок, оценката за нив е позитивна.

„Тие нè охрабруваат и понатаму да продолжиме да отвораме случаи за високи функционери, со тоа што нивната препорака е да се продолжи со зајакнување на капацитетите на Комисијата и со примена на препораките што ги дава Комисијата. Најголемиот проблем со којшто ние се соочуваме во нашиот петгодишен мандат беше тоа што институциите, одговорните лица или кој и да било назначен во нашите препораки, не ги применуваат препораките, не ги почитуваат иницијативите, и затоа и оценките се такви“, вели Ивановска.

Во извештајот се наведува дека корупцијата останува распространета во многу сфери и е прашање за загриженост, но оти Антикорупциската комисија продолжила да ја исполнува својата улога. Била проактивна, отворила неколку случаи, но тие треба да бидат продолжени. Се препорачуваат повеќе пари за Комисијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*