Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков куртули и од „Титаник 2“ за изборните нерегуларности. Апелацискиот суд го одби обвинението, бидејќи со измените на Кривичниот законик му застарело делото.
На другите обвинети, Мендух Тачи, Сашо Срцев, Бедредин Ибраими и Влатко Сајкоски, затворските казни им се преиначени во условни, односно да не сторат кривично дело во наредните 4 години. Тие претходно беа осудени на затворска казна од две години.
Овој случај се однесуваше на изборни нерегуларности на локалните во 2013 година.