Арбен Таравари: Алијансата за Албанците ќе настапи самостојно на изборите

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, прашан за прашањето за учество на изборите со заеднички листи со ДУИ, во вторникот рече дека последната одлука на раководството на неговата партија е самостојно учество на изборите.

“Се подготвуваме за самостоен настап и го мобилизираме членството. Тоа е мој и став на претседателството, а дали ќе се смени, тоа ќе биде јасно по седница на највисокиот орган на партијата”, рече Таравари.

Кога станува збор за отфрлањето на законот за амнестија во Собранието, Таравари рече дека тоа имало понижувачки ефект.

“Меѓутоа, не сакаме да бидеме проблематични, односно „траблмејкери“ во таа Влада”, нагласи Таравари.

Според Таравари, постои можност Централното претседателство на партијата да одржи седница до крајот на ноември, на која ќе се анализира можноста партијата да ја напушти владејачката структура.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*