Избори во Македонија: Нема договор за датумите на изборите

И покрај најавата на партискиот портпарол и пратеник на СДСМ Дарко Каевски дека денеска на координација кај спикерот Џафери ќе се отвори прашањето за формирање работни групи кои би договориле датуми за избори, таа тема воопшто не била отворена.

Ова за Канал 5 го потврди координаторот на пратеничката група, Јован Митрески кој повтори дека на овие состаноци не присуствува ВМРО-ДПМНЕ. Иако иницијатива за договор досега никој не покажува, од двете партии не отстапуваат од своите позиции, власта за одвоени, опозицијата за споени избори.

“Ковачевски треба да го надмине своето его и да покаже еднаш државнички пристап односно капацитет и да се согласи во интерес на сите граѓани на Република Македонија, да одиме на едни заеднички претседателски и парламентарни избори. Ние сме подготвени за соработка и сакаме да се почитуваат законските и уставните одредби предвидени за изборите“, изјави Драган Ковачки – пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

“Изборите ќе бидат во редовниот термин. Нормално дека како сериозна политичка партија која претендира да го освои мандатот за следните четири години (2024-2028) и те како разговараме, се спремаме и се надевам дека ќе излеземе со најдобрите можни кандидати и ќе победиме“, изјави Мартин Костовски – пратеник на СДСМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*