ЕУ обезбеди 100 милиони евра макрофинансиска помош за Северна Македонија. Комесарот за економија, Паоло Џентилони, за тоа го информирал премиерот Димитар Ковачевски на средбата во понеделник во рамки на Виенскиот економски форум.
Тој вети дека преговорите со ЕУ ќе резултираат со повеќе средства од ЕУ. Како што оцени премиерот, процесот на интеграција е клучен и од политичка и од економска гледна точка.
На Форумот Џентилони изјави дека новиот геополитички контекст претставува нов поттик во однос на проширувањето. Како што додаде, новиот поттик е всушност можност за Западен Балкан да ги надмине тешкотиите, ветата и бавноста што беа присутни во изминатите неколку години.
„Овде има геополитички поттик, но овој поттик ќе влијае на целиот процес на проширување“, рече тој, додавајќи дека верува дека треба да се искористи можноста.