Судскиот совет реагира на изјавите на Лога: Нема намера за конфликт, критики прифаќаме, но не сме во војна

Судскиот совет на Република Македонија нема намера со никого да „војува“, а најмалку со ресорниот министер за правда, Кренар Лога, соопштуваат од Советот.

Ваквата реакција на Судскиот совет, доаѓа по повод вчерашните настапи на министерот Лога, особено по неговото синоќешното телевизиско интервју, во кое тој изјави дека е во „отворена војна“ со Судскиот совет, наведуваат Советот.

Од Советот нагласуваат дека ги прифаќаат сите добронамерни критики на своја сметка и на адреса на судството, но, како што наведуваат, не може да дозволи министерот за правда да излегува од своите надлежности и да кажува како треба и што да работи Советот.

Тој го спомна и претседателот на Судот во Куманово, кој според него, не го положил тестот за интегритет, но повторно е избран за претседател на судот.

„Овој судија падна на тестот за интегритет и повторно му беше дозволено да биде претседател на Судот. Вчера имаше таков тест за кандидатите, а оние кои не го положија овој тест беа елиминирани“, рече Лога. Лога вели дека овој претседател упатил и погрдни зборови кон Албанците.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*