Од Еврејската заедница во Македонија потврдија дека проверките покажале дека Наама Леви има македонско потекло. Изразуваат жалење но и надеж дека ќе биде ослободена од заложништво.
“Тоа е еден страшен, невиден терористички чин и сите се молиме да и се помогне, кој што може да помогне да се ослободи да се пушти од заложништво.Нејзината баба или прабаба, тие се родени пред 1919 година за која година ние немаме податоци. Најдовме во нашите книги дека Хлеим Бивас со нејзината баба која се вика Грасиа Бивас, се отселиле, биле членови на Еврејската заедница и се отселиле 1925 година во Приштина. Тоа е она што го имаме од податоци, што на одреден начин докажува дека она има одредено македонско потекло”, изјави – Пепо Леви – Еврејска заедница во Македонија.
На социјалните мрежи веќе е објавено и видео од девојката, на кое се гледа дека била малтретирана. Преку видеото се бара помош за нејзино ослободување, а нејзините родители не губат надеж дека се уште е жива.
“Важно е да кажеме дека ние исто така, од официјалните лица, односно претставници на ИДФ, дојдоа кај нас во неделата. Во 6 часот утрото не известија дека е киднапирана. Всушност се до овој момент размислуваме што е најдобро да направиме.Наама се надеваше на значајна воена служба. Помина една година во воен камп. Беше одлична ученичка во средно училиште и заврши дипломатија”, изјави – Ајелет Леви – Мајка на Наама Леви.
“Политичари, лидери, вратете ни ги нашите деца дома. Вратете ги брзо. Сите вратете ги. Тие се наши. Сите ние сме браќа. Израел има обврска да го стори тоа за сите нас, да ги врати дома сите заложници”, изјави – Јони Леви – Татко на Наама Леви.