Лидерот на БЕСА, Билал Касами, се сретна со амбасадорите на Чешка, Полска, Унгарија и Словачка

Лидерот на БЕСА Билал Касами оствари средба со амбасадорите на Чешка, Полска, Унгарија и Словачка Лидерот на БЕСА Билал Касами денеска оствари работен ручек со амдасадорот на Чешка, Јарослав Лудва, амбасадорот на Полска Кшиштоф Грзелчик, амбасадорот на Унгарија Андраш Клајн, како и амбасадорот на Словачка Хенрик Марку.

Како што информираат од партијата на средбата било разговарано за политичката состојба во земјата и стагнацијата на интегративните процеси, како и чекорите што мора да се преземат и неопходните реформи кои мора итно да се спроведат.

Посебен акцент бил ставен и на плановите на Европскиот сојуз за промени.

“Како лидер на Движењето БЕСА и како претставник на албанската опозицијата го повторив ставот дека прашањето за албанскиот јазик како јазик на 20% треба да се реши што е можно поскоро. Но, разговаравме и за тоа дека Албанците во РСМ сè уште имаат нерешени етнички прашања, кои намерно се клеветат и злоупотребуваат од власта за дневна политика. Решавањето на суштинските проблеми на сите граѓани, борбата против корупцијата, реформите во судството и евроинтегративниот пат на државата остануваат приоритет на Европската лига за промени”, се наведува во соопштението.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*