Професорката од Правниот факултет Јадранка Дабовиќ – Атанасовска ја доби довербата на членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувања кои гласаа „ЗА“ предлогот таа да биде избрана за нов Уставен судија.
Дабовиќ – Атанасовска е предлог на СДСМ и според пратениците од опозицијата станува збор за истакнат правник за разлика од другите предлози на владеачката партија. Опозицијата смета дека владеачката коалиција брза со предлозите за судии во Уставен суд и врши притисок за да бидат избрани без тие да се претстават пред членовите на Комисијата.
Доколку биде избрана Дабовиќ Атанасовска има мандат од девет години. Од ВМРО ДПМНЕ за уставни судии повторно ги предлагаат пензионираните професори Родна Живковска и Саво Климовски од Правниот факултет, како и долгогодишниот судија и обвинител Тодор Витларов.