Европска комисија изразува остри критики кон Македонија: Борбата против корупција и судството под прашање

Без суштински напредок во клучните области, Македонија доби остри критики од Европската комисија. Судството, борбата против корупцијата, реформата на администрацијата и институциите и натаму горлива тема.

Загриженост кај европските партнери има и за измените на Кривичниот законик и за употребата на европското знаменце.

„Корупцијата останува распространета во многу области и е загрижувачко прашање. Се зголеми одложувањето и повторувањето на процесите за висока корупција, што резултираше со застарување во некои случаи. Кривичниот законик е изменет во брза собраниска постапка. Максималните казни за кривични дела поврзани со корупцијата беа намалени, што имаше импликации врз примената на застареноста и влијаеше па дури и стопираше голем број случаи од висока корупција, вклучително и оние на поранешното Специјално јавно обвинителство“, стои во извештајот.

Работата на парламентот беше нарушена со политичка поларизација, која дополнително се продлабочи, одложувајќи го усвојувањето на многу реформски закони, пишува во извештајот. ЕК потсети и на договореното од преговарачката рамка.

„Процесот на пристапни преговори со ЕУ бара широк консензус од главните политички партии. Сите партии треба да се вклучат во конструктивна и инклузивна политичка дебата, за да се зајакне улогата на Парламентот“, велат од ЕК.

Парламентот и владата се обврзаа како врвен приоритет да ги усвојат релевантните уставни измени, со цел во Уставот да се вклучат граѓани кои живеат во границите на државата и кои се дел од други народи, како Бугарите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*