Премиерот Ковачевски: Груевски треба да се врати и да се соочи со правдата

За поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски има потерница да се врати во Македонија, и тој треба да се врати, но за да се соочи со правдата, согласно македонските закони, и согласно со пресудите од независните правосудни органи, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

На новинарско прашање дали се соочува со притисоци за враќање на аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов со цел да се создадат услови за враќање на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, дали на за ова прашање разговарал со поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев и генералниот секретар на партијата Миле Зечевиќ, Ковачевски рече дека немал состанок со поранешниот премиер Заев, ниту со Зечевиќ.

За комуникација со судските правосудните органи, премиерот рече дека нема никаква комуникација и оти смета дека тие треба да работат независно.

Во однос на појавувањето во јавност на Заев, премиерот Ковачевски, не гледа причина зошто некој не би се појавил во јавност, а пред тоа да извршувал високи државни и партиски функции и смета дека тоа е позитивно, бидејќи сепак тоа се луѓе коишто имаат искуство и знаење, кое може да го споделат со политичарите, со деловната заедница, па и со граѓаните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*