Расправата за нов уставен судија во Македонија одложена за утре по спор околу дневниот ред

Професорката на Правниот факултет, Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, е предложена од СДСМ за нова уставна судијка на местото на пензионираниот судија, Јован Јосифовски, чиј мандат истече на почетокот на минатата година. Но, расправата за неа денеска не ни почна.

Пратениците од опозицијата не сакаа да се утврди ниту дневен ред, затоа што добиле покана во петокот доцна попладне, а името и биографијата на предложената судијка не го знаеја ниту по почетокот на седницата денеска.

Укажаа дека, според деловникот, материјалот треба да го добијат пет дена пред почетокот на седницата, за да имаат време да го разгледаат, а најавија и дека ќе поднесат свои предлози, за кои инсистираат да се расправа и гласа. Бидејќи со неговата констатација се согласија и дел од пратениците од власта, седницата беше одложена за утре.

Проф. д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска дипломирала на Правниот факултет во Скопје, каде завршила и постдипломски студии по граѓанско право, а подоцна и докторирала.

Членка е на СДСМ, а своевремено членувала и во Управниот одбор на Фондот за здравство. опозицијата ќе ја искористи точката на дневен ред и достави свои предлози за уставни судии.

Фаворити на ВМРО-ДПМНЕ се професорот Саво Климовски, професорката Родна Живковска, како и обвинителот од вишото обвинителство во Штип Тодор Витларов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*