Министерот за надворешни работи не го забележале национализмот на стадионот во Чаир

Министерот за надворешни работи не е загрижен од најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека ДУИ е надвор од сите комбинации за идната Влада и дека е време интегративците да одат во опозиција.

Османи денеска рече дека така зборувал и Заев пред последните избори но на крајот пак направил коалиција со ДУИ. Според него, тоа што ВМРО-ДПМНЕ ги исфрла од игра за новата Влада, претставува поттикнување на етничка нетрпеливост.

Бујар Османи, министерот за надворешни работи на новинарско прашање денеска одговори дека не ги видел националистичките пораки на стадионот во Чаир кои ги истакнаа навивачите на Шкупи на натпреварот со Вардар.

„Не сум ги слушнал тие пораки. Секоја изјава која што предизвикува етничка нетолеранција е спротивна на законот.“, одговори Османи откако претходно на друго прашање ја критикуваше опозицијата дека поттикнува нетолеранција.

„Ќе го исполниме историскиот аманет Скопје да биде срцето на Албанија“ – беше една од истакнатите националистички пароли на вчерашниот натпревар.

Според присутни на натпреварот имало и пароли и извици со кои се величаат убијците на младото момче Никола Саздовски – Саздо.

Покрај овие инциденти навивачите на Шкупи ги маваа фудбалерите на Вардар со бакљи, петарди и други тврди предмети пред и по завршувањето на натпреварот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*