Очекувам следната недела да има сериозен напредок на дефинирање на деталите за изборниот процес и дефинирање на датум за следните избори, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешниот престој со теренски активности на партијата во Прилеп.
“Треба што поскоро да заврши дискусијата околу техничките препораки и измени во Изборниот законик кои се дел од препораките на ОБСЕ и ОДИХР, бидејќи доцниме и сме влезени во фазата шест месеци пред избори”, изјави Мицкоски.
Мицкоски повтори дека повеќе од 250 милиони евра годишно ќе бидат реалоцирани од централниот буџет кон општините.
За Онкологија случајот, тој рече дека неговата партија има индиции дека она што се случува во таа институција се случува и во други клиники. Според него, постои „омилена фармацевтска веледрогерија“ која е снабдувач на лекови вредни милиони, а има катастрофални услови каде се применува.