Прогрес во предметот ‘Онкологија’: Обвинителството чека на новиот извештај на Фондот за здравствено осигурување

Обвинителството во рамките на предистражната постапка за предметот „Онкологија“ ги обезбеди сите изготвени извештаи од извршените вонредни надзори на Фондот за здравствено осигурување за финансиското работење на клиниката од почетокот на 2015-та година до март 2023 година.

Новиот тримесечен извештај на Фондот за периодот до јуни годинава е во финална фаза на изработка и веднаш потоа ќе биде доставен до Обвинителството. До овој момент воопшто не е изготвен извештај што го опфаќа периодот до август 2023 година, нагласуваат од Обвинителството.

Посочуваат дека сите докази во предметот се обезбедени и веќе се предмет на анализа од стручни лица. Наведуваат дека предистражната постапка не опфаќа одреден временскиот период и ги испитува сите евентуални незаконитости без разлика кога се случиле.

Апелираат секој што има дополнителни сознанија за овој настан има обврска да ги пријави до надлежните органи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*