Бујар Османи: Македонија е лакмус тест за кредибилитетот на Европската Унија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на покана на германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок, денес учествуваше на министерската конференција “Проширена, посилна Унија” во Берлин, организирана од Сојузното министерство за надворешни работи.

“Македонија е лакмус тестот за кредибилитетот на Европската Унија. Од ставовите на Јункер до оние на фон дер Лајен од пред неколку дена, можам емпириски да посведочам дека Европа денес е соочена со геополитичко будење, кое треба да обезбеди геостратешка инвестиција во безбедноста на ЕУ ” – истакна Османи.

Во своето обраќање, Министерот се осврна на концептот “Повеќе интеграција пред членство во ЕУ”, како еден од модалитетите како ефективно да фатиме чекор со економиите на земјите членки на ЕУ и да го премостиме јазот што моментално се зголемува наместо да се стеснува.

Воедно, го поздрави уште еднаш Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, претставен од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, кој се дополнува со овој концепт.

Министерот се обрати на првиот дел од конференцијата, заедно со министрите за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, на Словенија, Тања Фајон и на Украина, Дмитро Кулеба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*