Аналена Бербок: Зајакнување на внатрешните структури на ЕУ пред процесот на проширување

Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок на денешната Конференцијата за проширување на ЕУ во Берлин го најави почетокот на процесот на зајакнување на внатрешните структури на ЕУ, како подготовка за процесот на проширување, а во исто време предложи постепена интеграција на земјите кандидатки.

“ЕУ треба да почне со храбри реформи додека се подготвува да се прошири”, истакна Бербок.

Германската министерка за надворешни работи предупреди на пристапот или – или кон проширувањето, предлагајќи на земјите-кандидати да им се дозволи да присуствуваат на состаноците на Советот на ЕУ пред да станат полноправни членки.

“Треба да се погрижиме луѓето од овие земји, особено младите, да добијат можност да учествуваат во предностите на ЕУ во рана фаза, дури и пред нивната земја да стане полноправна членка”, изјави таа.

Таа додаде дека тоа може да вклучува студентите од Македонија, Србија и Турција да учествуваат во студентската програма Еразмус, потоа намалување на таксите за роаминг и поедноставување на визните процедури за граѓаните на земјите кандидати.

“Поврзување на средствата од ЕУ со стандардите на владеењето на правото, би требало да биде дел од политиката на ЕУ”, потенцира Бербок.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*