Нема договор по втората средба: Вработените во судовите продолжуваат со штрајкот

Нема договор и на втората средба меѓу Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) и претставниците Владата.

Со месеци вработените во судската и обвинителската администрација штрајкуваат и протестираат, со барање за 78 проценти повисоки плати и враќање на додатоци на плати. Денаноски вели дека преговорите со Владата ќе продолжат.

„Владата треба да го финализира Предлог Буџетот за следната година и да се види што планира во врска со нашите барања. Ќе видиме што ќе понудат, се надеваме на некоја златна средина, а дали ќе има Владата средства да даде за таа златна средина, не знам“, изјави тој по средбата.

Иако се надева дека ќе се најде средина, не знае дали Владата ќе има средства за тоа. Од друга страна, Владата смета дека заемно прифатливо решение е блиску, поради што нејзините претставници го покренаа прашањето за ставање во мирување штрајкот на вработените во судовите и јавните обвинителства.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*