Владата и САД потпишаа Меморандум за разбирање за Националната стратегија за безбедност

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски и амбасадорката на САД во земјава, Анџела П. Агелер, денеска, потпишаа Меморандум за разбирање меѓу Владите на Македонија и на САД за експертска поддршка за Владата на Македонија во изработка на Национална стратегија за безбедност.

„Оваа соработка во едно од најсуштинските прашања за државата е само уште една потврда за стратешкото партнерство и степенот на соработка меѓу нашите две земји. Како што знаете, на 19 септември, Владата ја усвои информацијата за потребата од изработка на Национална стратегија за безбедност, која ќе претставува еден суштински и стратешки документ, и обединувачка визија за нашата држава во дефинирањето на виталните и стратешките интереси за безбедно и стабилно општество“ истакна премиерот Ковачевски, во своето обраќање на денешниот настан по потпишувањето на Меморандумот.

При тоа, премиерот Ковачевски изрази благодарност до Амбасадата на САД и посебно до амбасадорката Агелер за оваа поддршка.

Амбасадорката на САД во земјава, Анџела П. Агелер истакна дека е чест да се биде дел од денешниот настан на потпишување на Меморандумот за разбирање меѓу САД и Македонија за експертска поддршка за Владата на Македонија во изработка на Национална стратегија за безбедност, кој е составен дел од Стратешкиот дијалог меѓу двете земји.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*