Во второто тримесечје поголем број основни судови биле неажурни. Судскиот совет ги усвои извештаите за нивната работа. Во апелациското подрачје Штип ажурни биле основните судови во Виница, Струмица и Штип, а неажурни основните судови во Делчево, Кочани, Радовиш и Свети Николе.
Неажурни исто така биле и Вишиот управен и Управниот суд. Во апелациското подрачје Битола сите судови биле неажурни, освен основните судови во Охрид и Ресен. Според извештаите, неажурни биле Апелацискиот суд Скопје, Основниот граѓански суд Скопје, основните судови во Велес, Крива Паланка, Куманово, Неготино и Тетово, како и Апелацискиот суд во Гостивар.
Судскиот совет на седницата ја избра судијката Снежана Манев за претседателка на Основниот суд во Куманово. Таа била единствен кандидат и ги исполнувала сите услови од огласот.
Членовите повторно донесоа одлука за оглас за избор на претседател на Основниот суд Велес, бидејќи единствениот пријавен кандидат немал доставено уредна документација.
Ве-де претседатeлката на скопска Aпелација, Мери Дика Георгиевска доби и четиригодишен мандат. Немаше конкуренција и членовите на Советот едногласно ја избраа на чело на тој суд, кој се соочува со сериозен недостаток на судии, но последнава година беше и во центарот на вниманието поради низата укинувачки пресуди за предмети од интерес на јавноста.
Враќајки ги назад во Кривичниот суд, некои од нив како прислушувањето, ги дочекаа и измените на Кривичниот законик (КЗ) и застареа или ќе застарат.
Судски совет денеска избра претседателки на основните судови во Прилеп и во Битола. Јасмина Шишковска Стојковиќ и Татјана Петровска. Двете се со завршена Академија за судии и се судијки од 2009 година.