Во рамките на форумот ЕУ-Западен Балкан, во Собранието се одржа втората сесија посветена на владеењето на правото и судските реформи.
Министерот за правда, Кренар Љога, ја истакна важноста од ефективно процесирање на случаите на корупција и организиран криминал, а од Владата велат дека се трудат максимално за напредок во оваа област, особено преку препораките кои доаѓаат од мониторингот на ОБСЕ.
Но, каква проценка за судскиот систем има Европската комисија? Еврокомесарот Дидие Рајндерс изјави дека Европската комисија е загрижена за актуелната состојба во Северна Македонија, особено во делот на застареноста на случаите со висок профил на корупција.
Сепак, тој рече дека сите забелешки ќе бидат објавени следниот месец во генералниот извештај на Комисијата за правосудниот систем.
Но, како треба да се подобри моменталната состојба во судството бидејќи само мал процент од граѓаните имаат доверба во правниот систем? Министерката за правда на Шпанија, Марија Куенка, рече дека најважно е судиите да бидат непристрасни, правниот систем да биде брз и ефикасен, а судењата мора да бидат брзи.
Покрај реформите во правосудството, на денешната седница се разговараше и за напредокот на заедничките активности поврзани со руската агресија во Украина, како и за презентација на приоритетите на идното белгиско претседателство.