Претседателот Пендаровски се сретна со претседателот на Европската комисија

Во рамки на посетата на Скопје, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во неделата оствари средба со претседателот Стево Пендаровски. Тие разговараа за процесот на преговори на Северна Македонија со ЕУ, релевантните политички случувања во земјата и актуелната состојба во регионот.

Во таа насока беа разменети информации за понатамошните фази од преговорите, по завршувањето на скрининг-процесот, како и за динамиката на спроведувањето на реформите, се вели во соопштението од Кабинетот на Пендаровски.

На средбата се разговараше и за претстојниот извештај на Комисијата за напредокот на Северна Македонија, како и за Планот за раст за Западен Балкан. Во таа насока, Пендаровски изрази благодарност за поддршката и посветеноста на ЕУ во однос на политиката на проширување и интеграцијата на Западен Балкан.

Пендаровски и претседателот на Комисијата разменија мислења за стратешкото значење на уставните измени и натамошните импликации врз европската перспектива на државата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*